Ајакс го „тролаше“ Рамос, Шпанецот им врати уште појако (Фото)

Холандскиот Ајакс на својот профил на „Твитер“ по повод 1 април (1 ден од 4-тиот месец) објави едно потсетување на победата од 4-1 над Реал Мадрид во ланското осминафинале од Лигата на шампионите и беше ставена слика од реакцијата на Душан Тадиќ откако даде гол и на Серхио Рамос, кој беше на трибините и го направи истиот гест како Тадиќ, протестирајќи за некоја ситуација.

Овие се убави спомени за Ајакс, а кратко набрзо добија одговор од капитенот на Кралскиот клуб, кој го прифати предизвикот.

Рамос објави колаж со негови фотографии со четирите трофеи од Лигата на шампионите кои ги има освоено во кариерата. Ајакс во клупската историја има четири европски титули, три кога се играше КЕШ и само една во ЛШ.

 

- Оглас -

Најнови вести