Ајакс постави уште еден рекорд

Ајакс продолжува со одличните игри, откако на гости го победи Гронинген со 1:0 во холандското првенство. Со оваа победа Ајакс се искачи на врвот на табелата во холандското првенство со 77 бодови од 31 меч, додека ПСВ има 74 бодови, но и меч помалку.

Ветеранот Клас јан Хунтелар беше херојот на денешниот меч за Ајакс. Хунтелар во игра влезе во 59 минута, а погоди во 78 минута. Сепак, само шест минути подоцна, Хунтелар доби и црвен картон, поради два жолти картони.

Погодокот кој го даде Хунтелар е 156 гол што Ајакс го даде сезонава во сите натпреварувања и со тоа е поставен нов клупски рекорд по бројот на погодоци во една сезона. Оваа бројка сигурно ќе биде дополнително зголемена, но тоа е само потврда дека Ајакс игра одлично и не случајно е во полуфиналето од Лигата на шампиони.

 

- Оглас -

Најнови вести