Ајнтрахт е предизвикувачот на Лајпциг за трофејот во германскиот куп

Ајнтрахт како гостин со 3-2 го победи Штутгарт во второто полуфинале на германскиот куп и си закажа финале во Берлин против бранителот на трофејот, Лајпциг.

Тимот од Франкфурт пред пет години го освои Купот на Германија и сега ќе има прилика да го повтори успехот.

Швабите водеа со 1-0 по првото полувреме, по што следуваше троен удар на Ајнтрахт во периодот од 51-ва до 77-ма минута. Домашните намалија на 2-3, но потоа останаа со човек помалку и немаа сили за нешто повеќе, па за Штутгарт последно финале останува тоа пред десет години.

Во финишот имаше драма, се гледаше снимка дали има пенал за Штутгарт, но судијата пресуди во полза на Ајнтрахт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести