Масар Омерагиќ на Босанците им посака успех на Светското првенство (Фото)

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, имал средба со челниците на Фудбалската федерација на Босна и Херцеговина, и притоа им посакал успешен настап на претстојниот Мундијал.

„Секогаш е убаво кога фудбалот спојува луѓе со меѓусебна почит и искрено пријателство. Одлична средба со пријателите од Фудбалската федерација на БиХ, предводени од Вицо Зељковиќ. Благодарност за гостопримството во Сараево. На БиХ и посакувам многу успех на Светското првенство, да ја претставуваат државата гордо и достоинствено“, напиша Омерагиќ на социјалните мрежи.

- Оглас -

Најнови вести