Седлоски со едно големо изненадување во почетниот состав на Македонија против БиХ

Дебитантот Георгије Јанкулов е големото изненадување на селекторот Гоце Седлоски во почетниот состав на македонската фудбалска репрезентација за вечерашното гостување во Сараево на пријателски меч со БиХ. Фудбалерот на Вардар е стартер и ќе добие шанса да заигра уште првата минута.

На голот е Димитривски, пред него Зајков, Муслиу и Велковски, потоа Ерера, Јанкулов, Николов, Атанасов, а напред се Елмас, Миовски и Растодер.

- Оглас -

Најнови вести