Невообичаена повреда принуди тенисерка да се повлече од „Ролан Гарос“ (Видео)

Во натпреварот во женски двојки од второто коло на „Ролан Гарос“ помеѓу Зејнеп Сонмез-Татјана Марија и Дајана Јастремска-Ангелина Калинина, турската тенисерка Сонмез се сопна од рекламна табла, се повреди и мораше да го напушти теренот и да се предаде мечот.

На почетокот на поенот во третиот гејм од првиот сет, турската тенисерка тргна по топчето и, обидувајќи се да ја врати, го допре знакот со врвот на левата нога, падна на колена и удри во границата на игралиштето.

Така, 24-годишната тенисерка мораше да го предаде мечот и украинското дуо се пласираше во третото коло.

Оваа ситуација генерираше многу критики кон турнирот и барање повеќе да се грижат за играчите.

- Оглас -

Најнови вести