Академците на Пандев на победа против Ренова за спокоен викенд

Македонското фудбалско првенство продолжува денеска со премиерниот меч од петтото коло меѓу Академија Пандев и Ренова.

Во Струмица, лидерот на табелата ќе им биде домаќин на популарните Гипсари, а Акаемците на Пандев ќе се обидат да потврдат дека паузата поради настап на македонската репрезентација не влијаела на формата и дека можат да ја продолжат низата без пораз, што ги доведе на врвот со 10 бода. И ако победат, ќе имаат спокоен викенд бидејќи сигурно ќе продолжат да го преводат од лидерската позиција прволигашкиот карван.

Ренова почна одлично, со две победи во новата сезона на ПМФЛ, но потоа следуваа ремито со Шкупи и поразот од Вардар.

Двете екипи имаат одиграно 8 натпревари во највисок ранг на натпревари, а Ренова има подобар биланс и три победи, исто толку нерешени и два порази.

Утре, во истиот термин, од 15 часот ќе се игра и дербито на колото меѓу Шкендија и Работнички, а половина час подоцна ќе почнат и преостанатите три дуели од петтото коло меѓу Вардар и Струга Трим Лум, Шкупи и Силекс и Македонија Ѓ.П. и Борец.

Двојки, петто коло, денеска од 15 часот: Академија Пандев – Ренова.

Утре, 15 часот: Шкендија – Работнички. Од 15.30 часот: Вардар – Струга, Шкупи – Силекс, Македонија Ѓ.П. – Борец.

Табела: Академија Пандев 10, Македонија Ѓ.П. 8, Струга, Ренова и Вардар по 7 бода, Шкупи 5, Борец 4, Силекс и Работнички по 3 бода и Шкендија 1 бод.  

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести