Ако Барса го продаде Кутињо, Ливерпул ќе изгуби многу пари

Бразилецот Кутињо пред една година ја засили Барселона за 160 милиони евра и стана најскапиот играч во историјата на каталонскиот клуб, но оваа сезона откако се повреди, почнаа проблемите, тој го загуби местото во првиот тим, па сега можеби и ќе биде продаден.

Кутињо не е задоволен од моментната минутажа, но порача дека ќе се бори со Усман Дембеле, кој му го презеде местото. За услугите на Кутињо заинтересиран е Манчестер јунајтед, а се шпекулира дека и Барса не би имала против да го продаде, за да присобере пари за евентуалното враќање на Нејмар од ПСЖ.

Сепак ова само шпекулации, нема никакви официјални информации, но во Ливерпул веќе стравуваат од можниот премин на Кутињо. Освен тоа што Бразилецот би го засилил ривалсот Манчестер јунајтед, Ливерпул ги загубил и многу пари.

Во договорот на Кутињо има бонуси кои Барса треба да му ги исплаќа на Ливерпул. На секои 25 меча, Ливерпул добива 4,4 милиони фунти. Кога сè ќе се собере, ако Кутињо во јануари си замине од Барселона, Ливерпул би останал без бонус од 22 милиони фунти.

- Оглас -

Најнови вести