Англија и Португалија ќе победат, во Шпанија се игра важен меч

6780 Англија – Костарика (22 ч.)

Последен контролен меч за Англија пред почетокот на СП и сигурно дека европскиот гигант ќе сака триумфално да стави печат пред Мундијалот. Костарика е во многу лоша форма и има само една победа во последните 11 дуели што ги одигра. Во овој период губеа од Иран со убедливи 5:0, потоа од Хаити, од Колумбија, а дури седумпати ремизираа.

Англичаните на последните пет меча постигнаа само шест гола, што е еден вид реализаторска криза, па можеби токму против Костарика ќе се врати довербата во офанзивниот ред.

Предлог тип: 1-1&3+ (1.89)

 

6710 Португалија – Нигерија (21:45 ч.)

Победа е опцијата за Португалија, не затоа што мора, туку за да биде националниот тим во добро расположение пред почетокот на Мудијалот. Нигерија го освои третото место на Африканскиот куп на нациите, но во баржот за пласман на СП загуби од ДР Конго.

Двете екипи сакаат да играат офанзивно и ако се знае дека мечот нема некое посебно резултатско значење, е најава за отворена игра со повеќе погодоци.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.75)

 

6714 Пакистан – Авганистан (18 ч.)

Контролен дуел на две селекции кои се далеку од елитата. Пакистан е дури на 202-рото место на ФИФА-листата, а Авганистан е малку подобар на рангирањето и е на 169-тото место.

Пакистан има две победи и едно реми во последните три меча што ги одигра, а во овој период нема примено ниту еден гол. Авганистан има само една победа во последните 17 средби и само еден триумф, а двете селекции најчесто играат со малку погодоци.

Предлог тип: 1Х&0-2 (2.01)

 

1312 Малага – Лас Палмас (21 ч.)

Полуфинална пресметка од плејофот за влез во Примера дивисион. Малага на првиот меч пред три дена победи со 1:0 на гости и сега на свој терен има голем адут да се пласира во финалето на овој плејоф.

Малага победи на последните три меча против Лас Палмас, а и моментално се наоѓа во добра форма со пет победи во последните шест средби.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.45)

 

2850 Илвес – Лахти (17 ч.)

Меч од четвртфиналето на Купот во Финска. Интересно е дека само пред 10 дена овие два тима играа во првенството и Лахти на свој терен немаше милост кон ривалот и победи со убедливи 5:0. Сепак, не е толку голема разликата во квалитет кај овие два ривала, па Илвес сега во Куп-дуелот ќе се обиде да се реваншира на свој терен.

Традицијата вели дека кога играат овие два тима, на пет од последните шест пресметки имало четири или повеќе погодоци.

Предлог тип: ГГ3+ (2.00)

 

- Оглас -

Најнови вести