Ако денот се познава по утрото, главен фаворит на играчите на Спортска прогноза е Шалке

Од коло во коло расте бројот на играчи на бесплатната Спортска прогноза, во тек е типувањето за четвртото коло, а ако уште не сте го сториле тоа, направете го денеска или најдоцна до сабота во 14 часот, кога почнува првиот меч основната понуда.

Главен предизвик за сите оние што играат за да ги погодат 13-те мечеви и да станат први добитници на премијата. Ако ги погодите сите 13 фикса, тогаш ќе ви остане полесниот дел, а тоа е да си одберете еден од трите подароци што следуваат. Може да добиете Смарт ТВ Самсунг 55 инчи 4К, Xiaomi Електричен Тротинет или X Box Series X.

Sport Life ги наградува и прогнозерите со една и две утки. За 12-ка секој прогнозер добива вредносен ваучер од 1.000 денари, додека 11-ката носи вредносен ваучер од Sport Life од 500 денари.

Според процентите на прогнозерите кои досега типувале, најголем фаворит е Шалке 04 бидејќи дури 87,7 отсто од играчите прогнозирале победа на Шалке против Бохум. За ниту еден друг тим нема толку висок процент. Типувањето е до сабота и тие што веќе се вклучиле може да ги менуваат типовите до сабота, па процентите значително може и да се променат.

Спортска прогноза може да ја играат сите оние коишто имаат извадено Sport Life картичка, а оние коишто ја немаат таа картичка, може БЕСПЛАТНО да аплицираат ТУКА.

Не чекајте многу, прогнозирајте, и забавувајте се!

- Оглас -

Најнови вести