Ако го победиме Јувентус, ќе направам фризура како Наинголан

Јувентус утре ќе игра против Сампдорија, во меч кој може да се нарече дека е дерби на колото во Серија А. Актуелниот првак е неприкосновен лидер со 50 освоени бодови од можни 54, но киксна во последниот меч, откако на гости кај Аталанта се спасуваше од пораз (2:2).

Токму тој факт дава надеж на Сампдорија, тим кој е во одлична форма и има четири победи и само две реми во последните шест кола. Иако ќе гостува во Торино, Сампдорија оптимистички се надева дека може да направи чудо кај шампионот.

Претседателот на Сампдорија Масимо Фереро дури даде интересен предлог, а тоа е дека доколку неговиот тим успее да победи против Јувентус, тој ќе го смени имиџот, односно ќе ја истрижи косата.

„Имам долга коса, отсекогаш сум носел таква фризура. Но, ветувам дека ако го победиме Јувентус ќе се ишишам. Ќе направам фризура како таа на Раџа Наинголан“, откри Фереро. Главен адут за Самдорија ќе биде Фабио Кваљарела, кој е одличен, па сезонава во 17 меча даде 11 погодоци.

- Оглас -

Најнови вести