Ако ја помине групата: Четири спектакуларни меча ја чекаат Македонија на ЕП

По завршување на групната фаза, најдобрите две селекции од А, Б и Ц групите продолжуваат во новоформирана група, која ќе биде за битка за пласман во полуфиналето. Енигмата за тоа кои две селекции ќе одат во главната рунда од групата Б ќе биде решена вечерва, по мечевите Австрија – Македонија и Чешка – Украина.

Во останатите две групи сè е јасно. Од групата А во Виена ќе пристигнат перфектната Хрватска и второпласираната Белорусија, додека како првопласирани во групата Ц се европскиот првак Шпанија и гигантот Германија.

Македонија за да обезбеди дуели со овие четири селекции вечерва треба да ја победи Австрија и да биде барем на второто место во групата.

 

- Оглас -

Најнови вести