Ако не може од прва, може од втора мајка – Ѓаволите водат во Париз

Дербито на вечерта во ЛШ се игра во Париз, каде што Манчестер јунајтед има водство од 1-0 на дуелот со Пари Сен Жермен. Погодокот беше дело на Бруно Фернандеш од пенал, и тоа откако судијата му дозволи по вторпат да го изведе пеналот, откако првиот шут му беше одбранет од Кејлор Навас.

Судиите видоа дека Кејлор не ја газел гол-линијата со ниту една нога, па му дозволија на Португалецот поправен испит. Бруно ја искористи шансата и му донесе водство на својот тим на гостувањето против европскиот вицепрвак.

- Оглас -

Најнови вести