23.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Ако пилот на Ферари се зарази со коронавирус, јасно е кој ќе го замени

Во Формула 1 тимот Ферари, одлучиле пилотот на Алфа Ромео, Антонио Џовинаци, да биде резервниот возач на Скудерија Ферари. Според италијанските медиуми, Џовинаци ќе го вози црвениот болид на некоја трка, доколку Себастијан Фетел или Шарл Леклер биде заразен со коронавирус и биде спречен да учествува.

Ако Џовинаци вози за Ферари, тогаш неговото место во Алфа Ромео привремено ќе го заземе Полјакот Роберт Кубица, кој е резерва во тимот. Сезоната 2020 во Формула 1 треба да почне на 5 јули со трка за Големата награда на Австрија.

- Оглас -

Најнови вести