Ако постават камера во нашата соблекувална, веднаш си одам

Ливерпул во средата приреди супер-интересна пресметка против Салцбург во победата од 4-3. Европскиот првак иако водеше со 3-0, дозволи да прими три гола и да ги доведе гостите од Австрија на раб од сензација. Сепак, Салах се погрижи бодовите да останат на „Енфлид“, а по мечот сите се прашуваа што се случи за играчите на Салцбург за кратко време да ја сменат играта и да се надигруваат со англискиот гигант.

Се појави видео на социјалните мрежи од соблекувалната на Салцбург за време на паузата. Тренерот Џесе Марш имаше мотивациски говор кој со кој ги натера своите играчи да покажат повеќе храброст на теренот и желба за надигрување. Иако многумина тоа видео позитивно го прифатија, не му се допадна на Јирген Клоп.

„Доколку клупската телевизија (ЛФК ТВ) постави камера во нашата соблекувална со цел да снима и објави што се случува за време на паузата, веднаш ќе си заминам од тука. Тоа е вистината и нема потреба повеќе да зборувам за тоа“, истакна Клоп во пресрет на дуелот против Лестер во рамки од осмото коло во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести