Ако продолжи вака, Шалке може да испадне и во трета лига

Падерборн го совлада Шалке 04 со 3-1 во меч од втората германска лига, на кој Висар Муслиу влезе во игра во 86-та минута кај победниците.

Клубот од Гелзенкирхен кој е одамнешен првак на Германија, а на толку одамнешен учесник во Лигата на шампионите и освојувач на Купот на УЕФА, се најде во позиција да се бори за опстанок и во Цвајта.

Шалке во минатата сезона беше прволигаш, а сега откако испадна во втора лига, му се заканува преселба и во трета. После некомплетни осум кола, тимот е 16-ти (во лихгата има 18 тима) на табелата со само 7 бодови.

Ниту промените на тренерите не помагаат, напротив, Шалке е во слободен пад и мора брзо да најат решение, инаку, ќе тонат уште подлабоко.

- Оглас -

Најнови вести