Реал Мадрид е во криза, а после поразот вечерва дома од Селта, веќе ни тренерското место на Чаби Алонсо не ми е сигурно.
Веќе почнаа шпекулации и најави дека тој може да биде сменет ако Реал загуби дома и од Манчестер сити в среда во Лигата на шампионите. Се оди дотаму што на Алонсо и „му е најдена“ нова работа, да седне на клупата на Ливерпул кој би можел да го разреши Арне Слот после уште некој кикс и несогласувањата со Мохамед Салах.
Кога дојде во Реал, очекувањата од Алонсо беа големи, но тој нема играчи за стилот кој сака да го применува, па не може да го најде балансот и идеалниот состав, а причина за тоа се и бројните повреди.
Во моментов, за следниот меч на Реал во Ла Лига, од дефанзивците достапни ќе му бидат само Ридигер и Раул Асенсио. Повредени се Карвахал, Александер-Арнолд, Милитао, Хаусен, Алаба, Менди, а суспендирани ќе бидат Карерас и Фран Гарсија.
Пред пет кола, Реал имаше 5 бода повеќе од Барса, сега има четири помалку.
Алонсо нема храброст да повика и да стави во игра некој млад играч од академијата или вториот тим, а Реал нема течна игра и премногу зависи од головите на Мбапе.
Против Сити може да биде последен меч за Алонсо како тренер на Реал, и нема да биде чудо ако се случи тоа.

