Ако сакаш победа против Јунајтед на „Олд Трафорд“, не давај два гола во првите 30 минути

Аталанта синоќа стана вториот тим, по Брага од октомври 2012 година, кој успеал да постигне два гола во првите 30 минути на гостување кај Манчестер јунајтед во Лигата на шампионите. Божицата одлично го отвори мечот и имаше резултат од соништата, но се покажа дека против нив беше историјата, па на „Олд Трафорд“ се случи пресврт и Црвените ѓаволи сепак дојдоа до победата.

Иако Аталанта и Брага може да се пофалат дека се единствени кои дале два гола во првиот половина час игра, и Брага пред девет години, а и Аталанта синоќа, ги загубија тие мечеви со по 2-3. Предност од 2-0 на „Олд Трафорд“ против Манчестер јунајтед не гарантира победа ако немате цврста одбрана, искуство и нерви. Оваа лекција ја научи Аталанта.

- Оглас -

Најнови вести