Ако се обложувате на НБА-финалето, имајте го и ова предвид: Голден стејт e некомплетен

Кевин Дурант дефинитивно нема да биде во составот на Голден стејт вориорс ниту на третата средба од големото НБА-финале, во кое „воините“ играат со Торонто репторс. Но, тоа не е единствениот проблем за тимот кој оди по нова титула и одбрана на шампионскиот прстен. Не се знае ниту дали ќе може да игра Клеј Томпсон, кој исто така има повреда и на листата на повредени е со статус „ден за ден“, што значи дека пред самиот почеток ќе се знае дали ќе може да настапи.

Дурант нема играно од петтиот меч од западното полуфинале против Хјустон. Тој е блиску до камбек на паркетот, но во тимот не сакаат да ризикуваат со него. По тренингот во четврток, ќе се знае дали Дурант ќе игра на четвртиот меч, кој е в петок вечерта. Иако Вориорс победува и без него, сепак популарниот КД е играч кој им фали во составот. Пред да се повреди, беше лидер на тимот со просек од 34,2 поени, 5,2 скока и 4,9 асистенции по меч.

Што се однесува до Томпсон, кој даде 25 поени во победата во Торонто, тој сака да игра, но лекарите треба да му дадат зелено светло. Проблемите за првакот ги зголеми и Кевон Луни, за кого финалето е завршено, а повреда има и Андре Игудала, кој сепак игра и го реши вториот меч.

- Оглас -

Најнови вести