Ако се оствари, ќе биде најатрактивниот напад на сите времиња – Покетино има план „Аргентинско танго“ за да го донесе Меси во Париз

Маурисио Покетино прави план „Аргентинско танго“ за да го доведе сонародникот Лионел Меси во Пари Сен Жермен. Рецептот е интересен според најавите на француските медиуми и Покетино, кој е Аргентинец, планира да направи мала колонија од свои сонародници во офанзивниот дел на ПСЖ, со што би го привлекол и Меси да игра за популарните „Светци“.

Во ПСЖ веќе игра Анхел ди Марија, а сега цел се Кун Агуеро и потоа Лионел Меси. Дури се споменува во ваква варијанта Меси да прифати и помала плата за да игра за ПСЖ, а офанзивен дел со него, со Агуеро, Нејмар, Мбапе и Ди Марија би бил сигурно најсилен и најатрактивен можеби и на сите времиња.

Агуеро веќе најави заминување од Манчестер сити, а можно е тоа да се случи веќе во зимскиот преоден рок, па Покетино смета дека со тоа полесно би го наговорил и Меси да слета во Париз.

Договорот на аргентинската икона во Барселона завршува ова лето, клубот има финансиски проблеми и сè уште нема претседател, па ПСЖ гледа шанса да го ангажира еден од најдобрите фудбалери на сите времиња во проектираниот дрим-тим на францускиот првак.

 

- Оглас -

Најнови вести