Ако се следи традицијата на Баерн – Арминија, вечерва може да бркате коефициент 8.75!

Баерн Минхен со трофејот за светски клупски првак се врати од Доха и сега ќе продолжи со походот за одбрана на титулата во Бундеслигата. Баварскиот гигант на свој терен вечерва игра против Арминија Билефелд. Тоа е тим кој е во зоната за испаѓање и едноставно нема капацитет да му се спротивстави на шампионот.

Иако многумина очекуваат дека вечерва на „Алијанц арената“ ќе биде голеада, сепак, ако се гледа традицијата на нивните неколку последни меча, може да очекуваме да нема многу погодоци. На три од последните шест дуели на овие ривали, на крајот имало само по еден гол, а еднаш Баерн победил само со 2:0. Сепак, кога играа последен пат, пред четири месеци, Баерн немаше милост кон ривалот и славеше со 4:1.

Ако сте љубители на традицијата, коефициентот дека и вечерва ќе има од 0-1 гол е неверојатно висок и изнесува 8.75 во Sport Life. За 0-2 погодоци, коефициентот е 3.60, па доколку уморниот Баерн, во чии редови ќе нема неколку стандардни првотимци, не биде расположен за погодоци, можно е и да нема голеада.

ПОСЛЕДНИ ШЕСТ МЕЧА НА БАЕРН МИНХЕН И АРМИНИЈА БИЛЕФЕЛД

17.10.2020 Арминија Б. – Баерн М. 1:4

18.04.2009 Арминија Б. – Баерн М. 0:1

01.11.2008 Баерн М. – Арминија Б. 3:1

07.05.2008 Баерн М. – Арминија Б. 2:0

02.12.2007 Арминија Б. – Баерн М. 0:1

11.02.2007 Баерн М. – Арминија Б. 1:0

 

- Оглас -

Најнови вести