Бизарно: Инвазија на галеби накратко прекина меч во Австралија (Видео)

Натпреварот меѓу екипите на Мелбург виктори и Њукасл џетс во рамките од австралиската А-лига имаше неочекуван проблем. Во текот во второто полувреме над стадионот „ААМИ парк“ се насобра голем број на галеби, кои буквално го окупираа теренот.

Кулминацијата се случи во последните минути од мечот, кога фудбалерот на Њукасл буквално не можеше да го изведе слободниот удар поради големиот број на галеби кои беа околу него и околу топката. Овој момент веднаш стана вирален, а коментарите на навивачите беа навистина интересни. „Се надевам дека сите платиле карта“, „Природата ја преема контролата во свои раце“, „некој требаше да донесе кофа со помфрит за да ги тргне од таму“, беа само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Освен „инцидентот“ со галебите, вредно е да се истакне дека дуелот беше возбудлив, а на крајот заврши нерешено 2:2.

- Оглас -

Најнови вести