Баерн Минхен попладнево треба да слави нова титула во првенството на Германија. Баварскиот гигант има 12 бодови пред Борусија Дортмунд и доколку денеска не загуби во Минхен од Штутгарт ќе има недостижни 13 бодови на четири кола до крајот.
Јасно е дека Баварците ќе бидат шампиони на Германија оваа сезона, но тоа не е единственото нешто што Компани сака да го освои оваа сезона. Тренерот на тимот од Минхен има големи планови и за домашниот куп и за Лигата на шампионите.
Новинарите на „Билд“ тврдат дека Баерн не планира никакви големи прослави денес ако ја обезбеди шампионската титула. Традиционалните „туши“ со пиво и доделувањето на трофејот ќе се одржат дури по натпреварот во последното коло против Келн. За денеска, играчите на Баерн ќе носат само специјални маички во чест на титулата.
После тоа, ќе имаат свечена вечера со семејството и пријателите, а веднаш потоа фокусот веднаш ќе се префрли на полуфиналето од Купот на Германија. Таму, Баерн игра натпревар против Баер Леверкузен, а сите во клубот го посакуваат првото финале на ова натпреварување од 2020 година.
Навивачите на Баерн сигурно ќе бидат изненадени бидејќи денес, ако ја обезбедат титулата, нема да има многу славење, но причината е јасна. Баерн ќе има мисија до крајот на сезоната да атакува и на трофеите во Купот на Германија и во Лига на шампиони.

