Дарио Ивановски блесна на белградскиот маратон и го освои второто место (Видео)

Најдобриот македонски маратонец Дарио Ивановски имаше уште една фантастична трка, откако го освои второто место на престижниот белградски маратон. Во едно фантастично темпо, Ивановски маратонот го истрча со време од 2 часа, 9 минути и 35 секунди, доволно за второто место. Единствено пред Ивановски заврши победникот Гемсиса Гудата Гага од Етиопија со време од 2:09:11 часа, што е нов рекорд на маратонот во Белград.

Малку фалеше Ивановски да истрча и личен рекорд, кој останува да му биде 2:08:26 часа, но секако со оваа трка Дарио покажа дека се наоѓа во фантастична форма и дека граби кон нов настап на Летните олимписки игри кои во 2028 година ќе бидат во Лос Анџелес.

- Оглас -

Најнови вести