Ако тимот на Мурињо не победи, може да заборави на пласман во ЛШ

1001 Евертон – Тотенхем (21ч)

Овие две екипи го назначија стартот на актуелната сезона во Премиер лигата, во кој Карамелите славеа среде Лондон со минимални 1-0. Седум месеци подоцна, Тотенхем му гостува на тимот предводен од Карло Анчелоти во обид да се реваншира, а шансите за Петлите да го сторат тоа се големи бидејќи Евертон е прилично десеткуван.

За Евертон нема да играат напаѓачот Калверт-Луин, голманот Пикфорд, ги нема ниту играчите за врска Дукуре, Алан и Гомес, па ова е голема шанса која Тотенхем мора да ја искористи ако сака да остане во битка за пласман во Лигата на шампионите.

Последниот триумф кој Тотенхем го памети на „Гудисон парк“ беше со огромни 6-2, можеби нема да се повтори тој резултат, но дефинитивно се очекува ефикасен меч во синиот дел од Мерсисајд.

Предлог тип: X2 & 2-4 (2.13)

 

1701 Лил – Монпелје (21ч)

Лил е во позиција да оствари трета победа во низа со која ќе се приближи на титулата во Лига 1 на која чека веќе една деценија. На „Пјер-Мари“ стадионот гостува Монпелје, тимот кој речиси 10 години нема остварено гостинска победа против Данските доги.

Сепак, гостите се добро расположени бидејќи одржуваат серија од 13 меча без пораз во првенството и францускиот Куп, па затоа имаат надеж дека може да изненадат вечерва. Лил тоа нема да го дозволи бидејќи е трета најефикасна екипа кога се во прашање домашните натпревари, а бидејќи го загуби последниот меч во кој беше домаќин, овојпат тоа нема да се случи.

Предлог тип: 1 & T1 2+ (2.09)

 

1801 Лајпциг – Хофенхајм (20:30ч)

Ако се земе предвид фактот дека Џулијан Нагелсман ги доби трите меча против својот поранешен клуб Хофенхајм откако ја презеде клупата на Црвените бикови, лесно може да се заклучи дека Лајпциг и вечерва ќе ги освои бодовите.

Лајпциг памети пет победи во последните шест меѓусебни дуели против Хофенхајм, од кои само еден меч завршил со минимален број погодоци. Конкурентот на Баерн за титулата во Бундеслигата оваа сезона одржува просек од два гола во натпреварите во кои е домаќин, па затоа најавениот триумф вечерва ќе биде надополнет со повеќе од еден гол.

Предлог тип: 1 & 3+ (1.94)

 

1537 Фаренсе – Спортинг Лисабон (22ч)

Со двете врзани ремија, Спортинг му дозволи на Порто да се приближи кон врвот и да ја направи трката за титулата во Португалија неизвесна во завршницата од сезоната. Затоа Лавовите повеќе немаат право на кис и треба да се вратат во победнички ритам, а да се освојат трите бода на гостувањето кај Фаренсе нема да биде проблем ако се знае дека Спортинг е непоразен со учинок од 10 победи и три ремија во вкупно 13 лигашки гостувања.

Фаренсе во некој друг меч ќе брка бодови со кои ќе се обиде да избори опстанок, но вечерва поразот му е речиси гарантиран. Спортинг ја доби првата овосезонска пресметка со минимални 1-0, а последен пат од оваа екипа загуби во 2001 година.

Предлог тип: 2 & 1+ прво (2.10)

 

1954 Бешикташ – Анкарагучу (18ч)

Бешикташ мора да продолжи да реди победи за да стигне до титулата во турското првенството, за која моментално води во трката и е лидер со 70 бода, четири повеќе од Фенербахче. Дуелот против Анкарагучу доаѓа во вистински момент да се забележи третиот лигашки триумф во низа, а воедно тоа да биде двојна победа над оваа екипа по минималниот резултат 1-0, со кој Бешикташ ја доби првата меѓусебна пресметка сезонава.

Бешикташ е најефикасен домаќин во Турција со 36 гола во 16 дуели, додека Анкарагучу во 16 гостувања славеше само двапати, па затоа на „Водафон парк“ им следува ново разочарување на гостите, каде што немаат победено од 2002 година.

Предлог тип: 1 сигурна (2.35)

- Оглас -

Најнови вести