Акција како по ноти – Фирмино го здрма Мурињо (Видео)

Мохамед Салах и Роберто Фирмино одиграа одлична акција, а Бразилецот продолжи со серијата голови на гостински терен и му донесе предност на Ливерпул против Тотенхем од 1:0, резултат што е важечки по првото полувреме.

Дербито во Лондон почна возбудливо, со погодена статива на Окслејд-Чембрлен во првата минута, а и двете екипи имаа шанса за по некој погодок.

Во репризата на финалето од последното издание на Лигата на шампионите сепак предност по првиот дел има актуелниот европски првак и лидер во Премиерлигата, Ливерпул, со погодокот на Боби Фирмино во 37. минута.

https://twitter.com/HDGoalsLive/status/1216059435963027456?s=20

- Оглас -

Најнови вести