Ал-Наср по Роналдо, сака да го доведе и Мауро Икарди

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Мауро Икарди кој игра како позајмен играч во Галатасарај, може да биде нов соиграч со Кристијано Роналдо. Според најавите, Икарди е пред трансфер во Ал-Наср во Саудиска Арабија.

Челниците на овој богат клуб веќе започнале преговори за евентуален трансфер на Икарди. Аргентинецот сезонава во шест меча во турското првенство постигна четири гола, а имаше и две асистенции.

Икарди кој има 29 години, освен во Галатасарај и ПСЖ, во кариерата има играно и за Интер и Сампдорија.

- Оглас -

Најнови вести