Аларм во Њујорк: Има позитивен тенисер пред стартот на САД Опен!

Францускиот тенисер Беноа Пер е позитивен на Коронавирусот и тоа на само еден ден пред стартот на Грен слем турнирот во Њујорк. Пер кој е 17-ти носител на САД Опен, беше дел и од Мастерс турнирот во Синсинати, кога уште во првото коло го предаде дуелот против Борна Чориќ. Францускиот тенисер го загуби првиот сет со 0:6, а во вториот губеше со 0:1 во гемови, кога реши да ја предаде борбата.

Поради дружење со заразениот Пер, под сомнение дека може да бидат заразени се и Гаске, Барер, Манарино и Едуар Раже-Васелан и сите имаат одлука да не излегуваат од своите хотелски соби. Интересно е што сите овие тенисери треба да бидат дел од првото коло и треба да се појават на теренот во понеделник или најдоцна до вторник. На местото на заразениот Пер, во првото коло ќе игра Шпанецот Марсел Гранољерс.

Мечевите во најголемиот град во САД ќе се играат без присуство на публика. Поради стравот од Коронавирусот, неколку врвни тенисери и тенисерки нема да играат на Флешинг Медоуз. Меѓу оние кои нема да играат се и ланските шампиони во машка и женска конкуренција Рафаел Надал и Бјанка Андреску.

 

- Оглас -

Најнови вести