Депортиво Алавес славеше на гостувањето кај Селта Виго со 1:0, и сега тимот на тренерот Абелардо е нов лидер на шпанската Примера, со еден бод повеќе од Севилја, која утревечер гостува во дербито кај Барселона. Стрелец на единствениот гол беше Пина во 58 минута. За Пина, ова е прв гол сезонава.
Алавес шест гола сезонава даде после прекин, и со тоа е најуспешен тим во лигата. За Алавес, ова е историска, прва лигашка победа на „Балаидос“. Досега имаа седум порази и три ремија. Селта нема победа од 1 септември наваму.