Алавес ги совлада „лилјаците“ и изби пред Реал Мадрид

Депортиво Алавес со победата над Валенсија од 2:1, освои три бода, кои му помогнаа барем до утревечер да биде пред Реал Мадрид на табелата во шпанското првенство. Тимот од Виторија е најпријатно изненадување сезонава во Примера дивизија, а и против „лилјаците“ покажа дека резултатите не се случајни.

Гостите поведоа со голот на Парехо од слободен удар (негов 50-ти гол во првенствен меч), но Алавес уште во првото полувреме направи пресврт и поведе со 2-1, што се покажа и како конечен резултат. Баскијците се најопасен тим во лигата од прекини.

Алавес имаше само една победа во претходните десет соочувања со Валенсија. Алавес дома нема загубено на последните 10 меча, последен пат загуби на 29 април од Атлетико, и тоа ја има најдолгата активна позитивна серија како домаќин во Шпанија. За Валенсија, заврши серијата од 15 меча без пораз во првиот меч од една календарска година.

- Оглас -

Најнови вести