Алавес никогаш немал поголем мотив за да го победи Реал !
Кралевите во Мадрид беа поразени од денешниот ривал, а сега сакаат да им го расипат големиот јубилеј на домаќините

Депортиво Алавес не можеше да посака подобар начин за да го прослави јубилејниот 100 роденден од тоа на гости да им дојде најтрофејниот шпански клуб Реал Мадрид. Алавес е клуб кој е формиран на 23 јануари 1921 година, а денеска е точно еден век од формирањето.
Сезонава Алавес веќе направи едно од најголемите изненадувања, откако победи во Мадрид против Реал и тоа со 2:1. Домаќините сега се надеваат на уште едно чудо, што би било прв пат во една сезона да освојат максимален број поени против мадридскиот гигант.
#100AñosGloriosos pic.twitter.com/oSePX3IfKm
— Deportivo Alavés (@Alaves) January 22, 2021
Реал е во резултатска криза пред денешното гостување. Кралевите беа елиминирани од Купот и тоа од третолигашот Алкојано, а претходно загуби и од Атлетик Билбао во Суперкупот. Во трите последни меча во Примера, Реал освои пет бода, што е премалку за клуб кој секогаш атакува на пехарот.
Тоа што е интересно од традицијата на овие два клуба е дека на шест од последните осум меѓусебни средби, на крајот имало 2-3 гола. Токму тоа е една интересна игра, а коефициентот вечерва да има 2-3 гола е одличен и изнесува 2.03 во Sport Life.