Барселона лесно со 3:1 ја победи Жирона во вториот контролен меч. Мемфис Депај кој прв пат заигра за каталонскиот гигант успеа да погоди од пенал што беше третиот гол за каталонскиот гигант.
Во првото полувреме погоди Жерар Пике за 1:0, а потоа прецизен беше и Реј Манај. Албанскиот интеренациоанлец е вистинска сензација по првите два контолни меча Барселона. На првиот меч против Химнастик, Манај влезе во второто полувреме и постигна хе-трик. Синоќа даде еден го против Жирона, а играта ја напушти во 43 минута.
Ако се гледа според времето поминато на терен досега, Манај постигна четири погодоци за само 69 минути поминати на терен. Тоа значи дека Албанецот погодува во Барселона на секои 17 минути и 15 секунди кога е на теренот.
https://twitter.com/i/status/1418988141600464897