Албанија се посрамоти на отворањето на новиот модерен стадион (Видео)

Во Тирана синоќа беше отворен новиот фудбалски дом на репрезентацијата на Албанија. Стадионот кој чини 50 милиони евра, има капацитет од 22.000 седишта, а интересно е што во рамките на стадионот има и една 24-катна кула.

Честа да го отвори новиот стадион имаше светскиот првак Франција. Галските петли гостуваа во рамките на последното коло од квалификациите за ЕП 2020 и победија со 2:0. Стадионот делува одлично, домаќините се погрижија да има и огномет, но и покрај тоа, се случи бламажа.

Без никаква вина, дел од гледачите добија бесплатно туширање поради тоа што една од прскалките кои требаше да го наводнува теренот беше свртена кон трибината, па гледачите кои беа зад едниот гол добија непријатно изненадување.

https://twitter.com/i/status/1196159077371564033

 

- Оглас -

Најнови вести