Албанците сакаат добро да ќарат – Билетите за финалето во Конференциската лига стигаат и до 10.000 евра (ФОТО)

Финалниот меч од Конференциската лига на Европа меѓу Рома и Феенорд којшто се игра на 25 мај на стадионот во Тирана ќе биде историски во ова ново натпреварување на УЕФА.

Голем дел од картите се веќе доделени на двата клуба, а останатите 10 илјади беа пуштени во продажба, и тоа по случајна лотарија.

Предност добија албанските фанови, коишто добија 70 отсто од картите, додека останатите 30 ќе бидат за навивачите од останатите земји.

На интернет-сајтот на „Ибеј“ веќе се појави продажба токму на тие карти, каде што најголем дел од продавачите се од Албанија, а тие сакаат добро да ќарат од фановите на Рома и Феенорд.

Така билетите на „црно“ имаат почетна сума од 800, а некои од нив достигнуваат неверојатна цена и од 10 илјади евра.

- Оглас -

Најнови вести