Алборг направи сензација, Раул и ПСЖ останаа без финале во ЛШ

Алброг ги остави Светците и Раул Гонзалес без финале во ЕХФ Лигата на шампионите, откако Парижаните прокоцкаа солидна предност и загубија со 33:35 во првото полуфинале на Ф4 турнирот во Келн.

Данците поминаа речиси 50 минути бркајќи резултатски заостаток, трпеливо чекајќи шанса за сензација која на крајот и се оствари. Се што ПСЖ градеше од почетокот на средбата, пропадна во вода, па Алброг ќе се бори за европската титула против Барселона, односно Нант на Кире Лазаров, во зависност од кој ќе ја добие битката во второто полуфинале.

- Оглас -

Најнови вести