Алегри: Јувентус е голем клуб, ќе има и голем тренер

По пет години Максимилијано Алегри ќе се збогува со Јувентус. Италијанскиот стратег освои 11 трофеи oд кои пет се во Серија А, но не успеа да го дофати најпосакуваниот, оној од Лигата на шампионите. Тој истакна дека во петте години воопшто не беше лесно да создаде квалитетен тим каков што сега поседува „старата дама“, но знае дека раководството на италијанскиот првак ќе доведе адекватна замена и успесите ќе продолжат да се нижат.

„Јуве е голем клуб, кој заслужува да има голем тренер. Така и ќе биде, голем и искусен тренер ќе дојде на мое место. Јас го достигнав максимумот, пет години ми требаа да го направиме овој тим каков што е сега. Сега ми следува одмор, си одам дома во Ливорно, а потоа ќе се релаксирам покрај море“, истакна Алегри.

Неколку тренери се во комбинација да ја преземат функцијата во таборот на гигантот од Торино. Се споменуваат Дидие Дешамп, селекторот на Франција, Маурисио Покетино, Маурисио Сари, но и Синиша Михајловиќ од Болоња. Пеп Гвардиола уште еднаш демантираше дека ќе се сели во Серија А, така што тој не е кандидат, но затоа се наметна Жозе Мурињо.

Португалецот истакна дека утре ќе го обелодени клубот каде ќе ја продолжи тренерската кариера, па сосема случајно или не, се разгореа шпекулациите дека токму тој ќе биде нов тренер на Јувентус.

- Оглас -

Најнови вести