Алегри откри дали Роналдо останува или не во Јувентус

По елиминацијата од Лигата на шампионите, на Јувентус му остана „раните“ да ги санира со трофејот во Серија А. Старата дама попладнево од 18 часот на свој терен игра против Фиорентина, а за дефинитивно освојување на титулата, доволно е да освои само еден бод, односно да не загуби.

По поразот од Ајакс, имаше многу шпекулации околу тоа дали Кристијано Роналдо ќе остане во клубот или ќе си замине на крајот од сезоната, а тренерот Масимилијано Алегри реши да стави крај на сите шпекулации.

„Роналдо имаше одлична сезона и ќе игра против Фиорентина. Кристијано плус Јувентус не значи сигурно освојување на Лигата на шампиони. Тој е иднината на клубот. Разочаран е поради елиминацијата од Ајакс, како и сите ние што сме, бидејќи очекувавме да го освоиме тој трофеј. Сепак, сега нема смисла да збориме за тоа. Мора да мислиме на Серија А. Ако ја освоиме титулата во Серија А, тоа ќе биде освојување на 50 отсто од трофеите во натпреварувањата во кои учествувавме“, вели Алегри.

 

- Оглас -

Најнови вести