Алегри планира да го изостави Влаховиќ за денешниот меч на Јувентус!?

Душан Влаховиќ го направи најголемиот трансфер во зимскиот преоден рок откако за сума од 70 милиони евра, дресот на Фиорентина го смени со тој на Јувентус. Српскиот репрезентативец уште во дебито за Старата дама воодушеви и само по  13 минути поминати на терен, постигна прекрасен гол во победата над Верона од 2:0.

Јувентус вечерва игра против Сасуоло во четвртфиналето на Купот на Италија, а тренерот Масимилијано Алегри откри дека можно е Влаховиќ воопшто да не игра, затоа што сака да му даде шанса на Кајо Жорж. Според тренерот, еден од Влаховиќ, Дибала и Мората ќе биде изоставен од составот, а тоа ќе го реши пред мечот.

„Еден од нив тројца може да одмори. Ми треба време да го проценам Душан. Кајо Жорж би можел да биде во стартниот тим, но мора да внимаваме затоа што мечот може да оди и во продолженија или евентуално и на пенали. На располагање имаме пет измени и тоа е многу важно“, рече Алегри.

Јувентус на последниот меч во Торино против Сасуоло загуби со 1:2, што треба да биде дополнителен сигнал за внимание на фаворитот.

- Оглас -

Најнови вести