Женската одбојкарска репрезентација на Македонија со максимален пораз од Унгарија го започна настапот во Европската лига. Нашите одбојкарки загубија со 3-0, по сетови 25-14, 25-21 и 25-11.
Резултатски најблиску бевме во вториот сет, во кој имавме и водство од три поени разлика, а во финишот бевме на само минус еден (22-21). Третиот сет го отворивме лошо, Унгарките поведоа со 6-0 и веќе стана јасно дека тука некаде е крајот на мечот.
Македонија на турнирот во Португалија утре ќе игра против домашната селекција, додека следниот викенд ги очекува вториот турнир, чиј организатор ќе биде Шпанија. Последниот турнир, од 19-ти до 21-ви месецов, ќе се одигра во Скопје.

