Централниот терен во комплексот на ФФМ, доби нова трева (Видео)

После 12 години, централниот терен во комплексот “Куќа на фудбалот” конечно е со комплетно нова тревна површина.
Нови тревни бусени, обновена дренажа и нов систем за наводнување. Претходно целосно беше реконструиран и теренот број 1 во комплексот.
„Лека-полека, работите си доаѓаат на свое место. Денес овде, утре и на други стадиони низ Македонија. Фудбалот заслужува подобри услови. И ќе ги добие“, порача претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ.

- Оглас -

Најнови вести