Олисе сака трансфер во Реал Мадрид, притисокот врз Баерн Минхен продолжува да расте

Офанзивецот на Баерн Минхен, Мајкл Олисе, е подготвен да направи трансфер во Реал Мадрид, тврдат шпанските медиуми.

Според информациите, 24-годишниот француски репрезентативец е запознаен со интересот на мадридскиот гигант и има желба кариерата да ја продолжи на „Сантијаго Бернабе“.

Реал Мадрид е свесен за ставот на Олисе, па се очекува во текот на следната недела да испрати и официјална понуда до Баерн Минхен.

Сепак, евентуалниот трансфер нема да биде воопшто лесен. Пазарната вредност на Французинот се проценува на околу 150 милиони евра, а со оглед на тоа што има договор со баварскиот клуб до 2029 година, Баерн сигурно нема да се согласи на продажба за помала сума.

Олисе пристигна во Минхен во летото 2024 година од Кристал Палас за 53 милиони евра и брзо се наметна како еден од најважните играчи на германскиот шампион.

Минатата сезона одигра 52 натпревари во сите натпреварувања, постигна 22 голови и запиша дури 31 асистенција, бројки кои го вбројуваат меѓу најпродуктивните офанзивци во Европа.

Французинот во меѓувреме се подготвува и за настап на Светското првенство со репрезентацијата на Франција. За националниот тим дебитираше во 2024 година и досега има 16 настапи и четири постигнати голови.

Доколку Реал Мадрид навистина тргне по неговиот потпис, би можел да се реализира еден од најголемите трансфери на летниот преоден рок.

- Оглас -

Најнови вести