Алекс Сандро од Јуве позитивен на ковид-19, дали е загрозено одигрувањето на дербито со Милан?

Јувентус потврди дека нивниот играч Алекс Сандро е позитивен на корона-вирус и дека Бразилецот веќе е во изолација. Ова значи дека Сандро нема да игра на дербито со Милан закажано за в среда вечерта на „Сан Сиро“. Но, ова може да биде и многу поголем проблем за Старата дама. Клубот е во контакт со здравствените власти за да се дефинираат следните чекори за активностите на тимот, кои мора да бидат според протоколите.

Сандро вчера играше 83 минути против Удинезе и пројавил симптоми, а имаше контакт со сите своите соиграчи и затоа стравувањата во Јуве се оправдани. Ако тој е единствен позитивен, нема да има проблем околу одигрување на дербито, иако во составот на тренерот Андреа Пирло ќе го нема ни Алваро Мората.

На Јуве му претстојат дуели со Милан, Сасуоло и Интер, како и Суперкуп против Наполи, па ако се појават повеќе заразени, на најтрофејниот италијански клуб нема да му биде лесно. Пред Алекс Сандро, во Јуве заразени со ковид-19 беа и Ругани, Матуиди, Дибала, Кристијано Роналдо и Мекени.

- Оглас -

Најнови вести