Симеоне: Заслуживме да се избориме за продолженија, но им честитам на Арсенал за победата

Атлетико Мадрид ја заврши сезоната без трофеј. Мадриѓани беа на чекор до пласман во финалето, но синоќа загубија во Лондон од Арсенал со 1:0 и шпанскиот тим е елиминиран од елитното натпреварување на УЕФА.

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне беше разочаран, а неговиот тим петта година по ред останува без ниту еден освоен трофеј.

„Имавме многу добра сезона во ЛШ. Дадовме сè од себе и отидовме многу подалеку отколку што очекувавме. Штета што испадна вака бидејќи заслуживме да одиме во продолженија. Во првиот натпревар создадовме шанси за гол, но не ги искористивме. Денес, во второто полувреме, поминавме повеќе време на нивната половина, имавме свои шанси, но понекогаш малите детали се во ваша корист, а понекогаш не“, истакна Симеоне.

Запрашан за судењето, тренерот на Атлетико одби да навлезе во детали.

„Немам што да кажам на оваа тема, бевме елиминирани од турнирот. Им честитам на Арсенал, се бореа добро. Ми се допаѓа нивниот тим и нивниот тренер. Имаат конзистентен пристап, поткрепен со сериозни финансиски ресурси. Честитки до нив. Ќе продолжиме да работиме и да не се задржуваме на очигледни детали“, рече тренерот на Атлетико веднаш по елиминацијата од Арсенал.

- Оглас -

Најнови вести