Снајдер: УЕФА требаше во 35 минута да го прекине дуелот меѓу Арсенал и Атлетико Мадрид

Поранешниот холандски репрезентативец Весли Снајдер кој сега работи како фудбалски аналитичар, имаше интересна анализа по завршување на дуелот меѓу Арсенал и Атлетико Мадрид. Снајдер на шега рече дека средбата на „Емирати“ во Лондон требало да биде прекината и едноставно мечот меѓу Баерн Минхен и ПСЖ кој вечерва ќе се игра на „Алијанц Арена“ да биде прогласен за финале во Лига на шампиони.

Арсенал со голот на Сака го победи Атлетико со 1:0 и тоа беше доволно Топчиите по пауза од точно 20 години повторно да играат во финале на Лига на шампиони и да се борат за својот прв таков трофеј. Снајдер во анализата за овој меч вели:

„Веќе по 35-тата минута УЕФА требаше да интервенира. Требаше да се јават во Лондон и да речат: „двете екипи да го напуштат теренот, а финалето се игра утре меѓу Баерн Минхен и Пари Сен Жермен. Знаев дека ова ќе се случи. Атлетико се повлече и ја препушти иницијативата, а Арсенал имаше доминација во поседот на топката“, рече Снајдер во анализата веднаш по синоќешниот дуел.

Холанѓанецот посебно го пофали тренерот на Арсенал, Микел Артета за тоа што го прави со тимот што го има. „Кога ќе го погледнам повторно составот на Арсенал можам да речам дека Артета заслужува споменик. Тој едноставно нема врвни играчи во својот тим, но успеа да го надигра Атлетико што е импресивно“, додаде Снајдер.

- Оглас -

Најнови вести