Алексис случајно „стана“ тренер на Јунајтед, Солскјер се изнасмеа (Видео)

Манчестер јунајтед продолжи да реди победи под водство на тренерот Оле Гунар Солскјер, овојпат жртва на „црвените ѓаволи“ беше Рединг во 32-финалето од ФА купот. Фаворитот победи со 2:0, стрелци беа Мата од пенал и Лукаку на крајот на првото полувреме.

Белгиецот има 13 гола на последните 14 настапи во купот на англиската фудбалска асоцијација. Второлигашот одигра солидно и зачуди многумина како може таков тим да биде толку на табелата во Чемпионшип.

Но, најинтересниот момент на „Олд Трафорд“ се случи во 64 минута, кога Алексис Санчес беше изваден од игра. Тој замина на клупата и седна на едно од празните столчиња. Но, тоа место е на тренерот Солскјер, кој со насмевка му кажа на Чилеанецот дека ќе мора да седне на друго место, кај останатите свои соиграчи.

https://twitter.com/i/status/1081551686882258944

Барнли дури во 92 минута и тоа од пенал, дојде до минимална победа над Барсли и се најде 16-финалето, а ветеранот Питер Крауч го спаси Стоук од неочекуван пораз на гостувањето кај Шрусбери.

РЕЗУЛТАТИ: Борнмут – Брајтон 1:3, Барнли – Барнсли 1:0, Манчестер јунајтед – Рединг 2:0, Шефилд в. – Лутон 0:0, Шрусбери – Стоук 1:1, ВБА – Виган 1:0, Вест Хем – Бирмингем 2:0.

- Оглас -

Најнови вести