Неверојатно: Навивачите на Ривер исекле 52 тони хартија за да се направи таква атмосфера на Суперкласико (Видео)

Вечните аргентински ривали Ривер плејт и Бока јуниорс го одиграа 266-тото дерби. На легендарниот стадион „Монументал“ Ривер беше домаќин, но на крајот Бока се радуваше на победа. Гостите славеа минимално со 1:0 благодарение на голот на Паредес, и тоа постигнат од пенал.

И покрај разочарувањето на крајот од мечот, останува да се памети фантатстичната атмосфера која ја создадоа домашните навивачи. На најголемиот стадион во Аргентина имаше повеќе од 85.000 навивачи , а посебно ќе се памети „фештата“ која беше направена пред почетокот на мечот.

Кога на теренот се појавија играчите на двата тима, од сите делови на трибините беа фрлени бели хартиени конфети. Аргентинските медиуми откриваат дека навивачите на Ривер во деновите пред дербито успеале да рачно да исецкаат дури 52 тони хартија и да ја распределат на целиот стадион за да може да се направи фантастичната кореографија која дефинитивно може да се види само во Аргентина.

- Оглас -

Најнови вести