Алесија знае француски, и тоа преку ноќ ѝ донесе слава

Која е убавата млада дама која преведуваше од француски на италијански и обратно, се прашуваа многумина кога ја видоа на прес-конференцијата на Франк Рибери по неговото потпишување за Фиорентина.

Освен Рибери, голема ѕвезда на пресот беше и девојката која седеше до него и преведуваше. Таа е Алесија Х. Енрикес, и се разбира веднаш беше најден нејзиниот профил на Инстаграм, и по сајтовите се објавени фотографии на кои се гледа убавината, и секако почнаа понуди за брак, иако на некои слики се гледа дека има момче, Матео Таљакарне кој работи како тим менаџер во Интер.

Алесија редовно преведува од француски, преведуваше и во Неапол кога Наполи играше Лига на шампиони со ПСЖ во минатата сезона, како и на мечеви на Лацио и Сасуоло.

- Оглас -

Најнови вести