АЛФ ја симна пајажината со феноменален гол (Видео)

Адам ле Фондре потврди дека е во топ форма, а со прекрасниот гол за Сиднеј против Волонгонг потврди зошто е еден од најдобрите стрелци во најсилната австралиска лига.

Мечот беше пријателски, а проектилот на популарниот АЛФ, како што е прекарот на Ле Фондре, беше несопирлив. Голманот на Волонгонг само со поглед ја испрати топката како ја собира пајажината на мрежата.

Англискиот напаѓач и во ланската сезона постигна неколку прекрасни голови, беше втор стрелец во австралиската А-лига со 16 гола и еден од најзаслужните за шампионската титула на Сиднеј.

Погледнете го прекрасниот гол на Ле Фондре против Волонгог.

 

- Оглас -

Најнови вести