Алими блесна и даде два гола за победа на Сепси (Видео)

Македонскиот репрезентативец Исник Алими одигра одличен меч за тимот на Сепси. Во дуел од 13. коло на романската лига, Сепси победи со 5:2 против Ботошани, а Алими беше стрелец на два гола.

Алими прво погоди од пенал во 38 минута кога го донесе својот тим во предност од 2:1. Вториот погодок македонскиот репрезенаттивец го даде во 66 минута кога со неговиот гол Сепси стигна до водство од 4:2 и тогаш беше јасно дека трите бода ќе останат за домашниот тим. Погодоците на Алими може да ги видите ТУКА.

Со оваа победа Сепси прекина една лоша серија од шест порази по ред во домашното првенство и сега со 15 бодови од 13 меча е на 10 место на табелата.

 

- Оглас -

Најнови вести