Алиоски: Да го продолжиме континуитетот по историските резултати во последните години

Еден од најстандардните репрезентативци на Македонија во последниве неколку години е Езѓан Алиоски. Фудбалерот кој има искуство и со играње во Англија, а сега е дел од турскиот гигант Фенербахче, се надева дека Македонија и во квалификациите за Европското првенство 2022 година ќе носи многу радости на македонската јавност.

Во првиот меч од квалификациите, Македонија во Скопје ќе игра против Малта, дуел кој треба да се победи за да се добие поголема самодоверба за следните уште поважни средби против фаворизираните селкции во групата.

„Среќни сме што после неколку месеци повторно се собираме со репрезентацијата на Македонија. Започнуваме нов квалификациски циклус и секако дека посакуваме победа над Малта и старт со три бода. За нас е исклучително важно успешно да ги започнеме квалификациите затоа што потоа ни следуваат многу посериозни натпревари во силната група со Англија, Италија и Украина. Посакувам сите да бидеме здрави и комплетни и верувам дека ќе го дадеме најдоброто од себе. Ќе се обидеме да одиграме одлични натпревари за успешни квалификации после историските резултати во последните години”, вели Алиоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести